Искусниот дефанзивец и член на ВБА, Џони Еванс кариерата ќе ја продолжи во тимот на Лестер, пренесуваат англиските медиуми.
Вест Бромвич Албион не успеа да опстане во Премиер лигата, па јасно е дека поквалитетните фудбалери ќе го напуштат тимот, а најсилен интерес имаше токму за Еванс.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед беше на радарот на Манчестер Сити и Арсенал, но тој го избра Лестер каде што ќе има загарантиран првотимски статус.
„Лисиците“ прифатиле да ја платат сумата од 3,5 милиони фунти која стои како откупна клаузула во случај ВБА да испадне од елитата и осигураа големо засилување за следната сезона.