Дома Топ вести ГОТОВО: Челзи ја плати клаузулата – го имаме најскапиот голман во историјата!

ГОТОВО: Челзи ја плати клаузулата – го имаме најскапиот голман во историјата!

Само неколку дена откако Алисон стана најскап голман во историјата на фудбалот, рекордот беше срушен – нов рекордер е Кепа Аризабалага!

Во текот на денешниот ден ви најавивме дека главна трансфер цел на Челзи за голманската позиција е голманот на Атлетик Билбао, Кепа Аризабалага и дека сините се спремни да ја платат откупната клаузула.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сега стигна потврда од сите релевантни шпански медиуми. Делегација на англискиот клуб во моментов се наоѓа во Мадрид да ја информира шпанската Федерација дека ќе биде платена откупната клаузула која изнесува 80 милиони евра.

Кепа Аризабалага веќе пристигна во Мадрид и наскоро се очекува заедно со делегацијата на Челзи да отпатува за Лондон на лекарски прегледи.

23-годишниот шпански голман веќе постигна договор со „сините“ и после рутинските лекарски прегледи ќе стави потпис на 5-годишен договор.

Притоа, ќе стане најскапиот голман во историјата на фудбалот платен 80 милиони евра.

Доаѓањето на Кепа во Челзи, автоматски ќе значи потврда на трансферот на Куртоа во Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Фудбалерот на Реал Мадрид се сели во Атлетико Мадрид?

Фудбалерот за врска на Реал Мадрид, Дани Себаљос е незадоволен од својата улога и минутажа…