Дома Фудбал Останато Готово: Солскјер се враќа на тренерската работа!

Готово: Солскјер се враќа на тренерската работа!

Легендата на Манчестер Јунајтед и поранешен тренер на овој клуб, Оле Гунар Солскјер ќе се врати на тренерската работа и тоа во белгискиот Клуб Бриж.

По отказот на Скот Паркер Бриж остана без тренер и нивна прва желба е да го донесат Солскјер кој ја прифатил понудата и се чека само официјализација, наводно потребно е да се договорат само одредени ситни детали.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Солскјер го водеше Јунајтед на 168 натпревари и во нив оствари 92 победи, 35 пати ремизираше и беше поразен на 41 натпревар.

Бриж лани беше шампион во својата земја, имаше одлична европска сезона со осмианфинале, но сезонава е дури петти во Белгија, лидерот на табелата Генк има дури 19 бода повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Неуспех на Барселона во ЛШ повеќе не е опција: Флик добива неколку фудбалери од светска класа

Барселона одлучи дека веќе не сака неуспех во Лига на шампиони откако испадна во четвртфин…