Дома Фудбал Готово: Симеоне после 11 години го напушта Атлетико

Готово: Симеоне после 11 години го напушта Атлетико

Шпанската ТВ-емисија „Чирингито“ ја носи веста на денот – Диего Симеоне после 11 години одлучи да го напушти Атлетико Мадрид.

Шпанскиот медиум ексклузивно пренесува дека еден од најдобрите тренери во светот донел одлука да го напушти Атлетико на крајот на сезоната.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Симеоне цели 11 години го води Атлетико Мадрид и стана вистинска легенда на „јорганџиите“, бидејќи клубот под негово водство ги направи најголемите успеси во историјата.

Со Симеоне на клупата клубот освои две титули во Ла Лига, две титули во Лигата на Европа, една титула во Кралскиот куп, еден шпански Суперкуп и двапати триумфира во европскиот Суперкуп.

Новинарот Гарсија пренесува дека најверојатно негова следна дестинација ќе биде Серија А, а силен интерес за него покажува Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Србите не го чекаа исходот од ЕП – Пикси доби нов договор!

Драган Стојковиќ Пикси потпиша нов договор со Фудбалскиот сојуз на Србија и ќе остане селе…