Дома Топ вести Готово: Реал го потврди трансферот на бразилскиот „вундеркинд“

Готово: Реал го потврди трансферот на бразилскиот „вундеркинд“

Реал Мадрид е исклучително активен во летниот преоден рок и веќе потроши повеќе од 300 милиони евра, но не мисли да застане.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Кралевите“ денес го потврдија трансферот на 18-годишниот бразилски играч за врска, Родриго.

Бразилскиот талент доаѓа од Сантос, а Реал за неговиот потпис ќе плати 45 милиони евра.

Клубот потврди дека утре бразилскиот талент ќе пристигне во Мадрид и ќе биде официјално претставен на „Сантиаго Бернабеу“.

Реал уште минатото лето постигна договор со Сантос за трансфер на Родриго, но се чекаше фудбалерот да наполни 18 години за да биде официјализиран трансферот.

Ова е втор трансфер на бразилски тинејџер во Реал во последните години, после трансферот на Винисиус Јуниор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…