Манчестер Јунајтед е во напредни преговори со Порто за талентираниот дефанзивец Диого Далот, кој најверојатно ќе биде првото засилување за „црвените ѓаволи“ ова лето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Гигантот од „Олд Трафорд“ за 19-годишниот десен бек ќе плати 20 милиони евра, колку што изнесува неговата откупна клаузула. „Би-Би-Си“ пренесува дека само прашање на време е кога ќе биде официјализиран трансферот.
Далот, кој е младински репрезентативец на Португалија, оваа сезона дебитираше за првиот тим на Порто. Тој важи за еден од најголемите таленти во Европа и со Португалија го освои ЕП за играчи до 17 години.
Идејата на Мурињо е Далот да биде замена за Матео Дамијан, кој е пред трансфер во Јувентис, односно да биде алтернатива за Антонио Валенсија.
Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед паралелно работи и на трансферите на Фред од Шахтјор и Тоби Алдервајлед од Тотенхем.