Дома Фудбал Германија Готово: Позната иднината на Обамејанг!

Готово: Позната иднината на Обамејанг!

Габонецот од редовите на Борусија Дортмунд, Обамејанг, ова лето беше еден од играчите кои беа најинтересни на трансфер пазарот, а неговиот клуб денес донесе одлука во врска со неговата иднина.

„Милионерите“ ги прекинаа сите преговори со заинтересираните страни, Обамејанг не оди никаде ова лето. Одличниот напаѓач останува во Дортмунд, барем до зимскиот преоден рок.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во последните неколку денови за првиот стрелец на Бундеслигата од минатата сезона најголем интерес покажаа Милан и Челзи. Но, очигледно дека управата на германскиот клуб го убедила Обамејанг да остане, па една од најголемиот летни сапуници конечно е завршена.

Реномираниот германски медиуми „Кикер“ пишува дека оваа одлука на Дортмунд и Обамејанг може да се промени само доколку некој клуб испрати понуда од 100 милиони евра. Но, таква понуда веројатно нема да добијат. Кинескиот „пазар“ беше затворен во петокот, Реал не е заинтересиран, ПСЖ исто така повеќе не е премногу заинтересиран за Габонецот, додека Челзи и Милан немаат намера да платат толкава сума.

Да потсетиме, Обамејанг одби понуда од Кина според која би заработувал 30 милиони евра по сезона. Во тој момент Борусија остана без посакуваната оштета од 80 милиони евра, а бидејќи со клубовите од Европа Дортмунд не успеа да се договори, тој одлучи да остане во Германија.

Ова практично значи дека Милан сега ќе се сконцентрира на Белоти и Мората, односно дека Антонио Конте сите карти ќе ги фрли на доведување на Серхио Агуеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…