Раководството на Јувентус започна преговори со играчот за врска на Сасуоло, Мануел Локатели, пренесува „Тутоспорт“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Локатели кариерата ја започна во Милан, важеше се голем талент, но „росонерите“ не му веруваа и го продадоа на Сасуоло за 10 милиони евра.
Локатели го покажа својот потенцијал во Сасуоло и неговата цена во моментов изнесува 25 милиони евра.
„Старата дама“ спрема голема реконструкција и подмладување на средниот ред, па смета дека 22-годишниот Локатели би бил идеално засилување.
Двата клуба се во напредни преговори, Јувентус понудил 20 милиони евра и младиот Кавилја, па се верува дека во наредните денови трансферот ќе биде комплетиран.
Локатели ќе биде трето засилување за Јувентус за следната сезона, после Артур и Кулушевски.