Иднината на Месут Озил веќе подолго време е главна тема на Островот, а сега конечно стана јасно каде Германецот ќе ја продолжи кариерата.
Информацијата за медиумите ја потврди инсајдер, маркетиншки експерт кој работи на промоција на „Адидас“, кој потврди дека му е кажано дека Озил како слободен играч ќе премине на „Олд Трафорд“. Притоа потврди дека „Адидас“ веќе најавил масовна кампања за следното лето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ова значи дека биле точни информациите од медиумите кои најавија дека Озил повторно ќе соработува со Мурињо, а место во тимот најверојатно ќе му направи Михтарјан.
И Барселона исто така беше заинтересирана за Озил, но Германецот сака да остане во Англија, а клучна улога одиграл и „Адидас“ кој е спонзор на Манчестер Јунајтед и на фудбалерот.