Дома Фудбал Германија Готово: Објавен датумот за продолжување на Бундеслигата!

Готово: Објавен датумот за продолжување на Бундеслигата!

Германскиот министер за здравство Јенс Спан изјави за „Билд“ дека фудбалската сезона во Бундеслигата може да започне повторно на 9 мај.

Сезоната беше прекината во средината на март поради пандемијата од коронавирусот. Германската фудбалска лига ги прекина натпреварите првично до 2 април, а потоа продолжи мерката на претпазливост против ширење на инфекцијата до 30 април.

„Користејќи го концептот на натпревари без публика, целосно е можно да се обнови сезоната. Најважно е да се осигура дека ризикот од зараза е минимален. Организирањето натпревари на 9 мај ќе биде добар знак за милиони љубители на фудбалот, иако трибините ќе останат празни“, прокоментира Спан.  

Лидер во првенството е Баерн, по одиграни 24 кола со 55 бода, а Баварците имаат 4 бода предност пред Борусија Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Коло Муани направи операција, но нема да пропушти натпревари на Јувентус

Напаѓачот на Јувентус, Рандал Коло Муани, настрада при победата над Аталанта со 2:0 во нат…