Новиот договор на Пјер Емерик Обамејанг со Арсенал ќе биде официјално потврден до крајот на неделата.
Обамејанг во неколку наврати одби да ја продолжи соработката со лондонскиот клуб, но „топџиите“ не се откажува од намерата да го задржат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Лондонскиот клуб му понуди на 30-годишниот Габонец договор до 2023 година со плата од 250.000 фунти неделно, а Обамејанг конечно кажа ДА.
Интерес за Обамејанг покажува Реал Мадрид, ПСЖ и Интер, но ниту еден од споменатите клубови не беше спремен да му понуди толкава плата.
„ЕСПН“ тврди дека Обамејанг веќе ставил потпис на новиот договор и наскоро ќе следува официјализација.