Дома Останати Тенис Готово: Надал објави – ја завршува кариерата!

Готово: Надал објави – ја завршува кариерата!

Рафаел Надал пред турнирот во Барселона ги разреши сите дилеми, оваа сезона ќе биде последна во неговата кариера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанецот минатата година најави дека 2024 година може да биде последна во неговата кариера, а сега потврди дека ќе ја доигра сезоната по која ќе го напушти тенисот.

Едноставно проблемите со повредите беа преголеми за да продолжи.

“Две тешки години се зад мене. Работите се случуваат во телото и не можев да го следам распоредот што го посакував. Кога не можеш, не можеш. Ова е мојата последна година и сакам да уживам во секој момент“, изјави Надал пред турнирот во Барселона.

Надал во текот на кариерата освои 22 Грен слем турнири, првиот во 2005 година, дури 14 на Ролан Гарос, додека има вкупно 92 титули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сабаленка повторно ги израдува машките фанови – објави „жешки фотографии“ во бикини! (Фото)

Арина Сабаленка уште еднаш докажа дека не ја привлекува само со брилијантната игра на тени…