Дома Топ вести Готово: Мурињо донесе засилување од 60 милиони

Готово: Мурињо донесе засилување од 60 милиони

Како што пренесуваат англиските медиуми постигнат е договор помеѓу Тотенхем и Бенфика за младата португалска ѕвезда, Жедсон Фернандеш.

За Фернандеш интерес покажуваа неколку клубови од Премиер лигата, но на крајот Мурињо ја победи конкуренцијата и Португалецот ќе пристигне во северен Лондон.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фернандеш минатата сезона блесна во дресот на Бенфика, па неговите партии не останаа незабележани од големите европски клубови.

Манчестер Јунајтед, Челзи и Вест Хем се бореа за неговиот потпис, но Мурињо ги искористи добрите односи со Бенфика и неговиот агент, па ја доби трката за неговиот потпис.

Тотенхем постигна договор со Бенфика за 18-месечна позајмица, а Тотенхем потоа ќе има опција да го откупи за 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Спектакл на повидок: Мбапе против Болт на 100 метри!

Килијан Мбапе преку изјава во француските медиуми изјави дека е подготвен да го прифати пр…