Дома Трансфер зона Готово: Лука Јовиќ одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

Готово: Лука Јовиќ одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид ова лето, бидејќи тренерот Зинедин Зидан не смета на неговите услуги.

Шпанските медиуми пишуваат дека Јовиќ побарал од тренерот да замине од клубот, по што „кралевите“ немале избор освен да го пуштат на позајмица.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Долго се шпекулураше за негов трансфер во Серија А, каде интерес покажаа Милан, Наполи и Рома, но Јовиќ се одлучи да се врати на местото каде ја доживеа фудбалската афирмација.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Србинот одлучил да се врати во Ајнтрахт, каде ќе игра на едногодишна позајмица од Реал Мадрид.

„Кралевите“ се надеваат дека позајмицата ќе биде добар избор за двете страни, бидејќи Јовиќ во Ајнтрахт може да ја врати формата и да ја зголеми својата пазарна вредност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…