Дома Трансфер зона Готово: Ливерпул конечно добива одличен голман!

Готово: Ливерпул конечно добива одличен голман!

Голманот на англиската репрезентација, Џо Харт се враќа во Премиер лигата, но сигурно нема да остане во редовите на Манчестер Сити.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англиските медиуми денес пренесуваат дека Сити ја прифатил понудата на Ливерпул и Џо Харт од следната сезона ќе настапува на „Енфилд“.

Англичанецот мораше да замине од „Етихад“ бидејќи не беше по желба на Гвардиола, па оваа сезона брани на позајмица во Торино, но многу клубови од Премиер лигата го сакаат во своите редови.

Денес англиските медиуми пренесуваат дека Сити и Ливерпул веќе постигнале договор и дека „црвените“ за Харт ќе платат 23 милиони евра.

Клоп беше во потрага по квалитетен голман, бидејќи многумина сметаат дека Мињоле е најслабата точка во тимот, па Џо Харт сигурно ќе биде големо засилување за тимот од „Енфилд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…