Италија е во потрага по нов селектор, после историскиот неуспех кој го доживеа под водство на Џанпјеро Вентура.
„Газета дело Спорт“ открива дека Роберто Манчини е прв кандидат за селекторското столче и дека утре ќе започнат преговорите со актуелниот тренер на Зенит.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Имено, Манчини е спремен да го напушти рускиот клуб и да ја предводи италијанската репрезнетација, па дури е спремен и да прифати помала плата.
Манчини нема големи успеси со Зенит оваа сезона, далеку е од шампионската титула, па рускиот клуб нема ништо против предвреме да го раскине договорот со Италијанецот.
Сезоната во Русија завршува на 13-ти мај, а Манчини би требало да биде промовиран во нов селектор најдоцна до 20-ти мај.