Јувентус оваа сезона има големи проблеми со составување на одбраната, повредите на Киелини, Брзаљи и Бонучи донесоа сериозен проблем за „старата дама“.
Во овие моменти како решенија за стоперската позиција Алегри ги има само Даниеле Ругани и повретникот Мартин Касерес, Бенатија како што е познато замина во Катар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради ваквата ситуација јасно беше дека на лето клубот ќе мора да купува засилувања во одбраната. Првото веќе е обезбедено!
Како што објави човекот кој е добро упатен со случувањата во Јувентус, Ромео Агрести и кој не греши кога ќе објави нешто поврзано со гигантот од Торино – нов играч на Јувентус од наредното лето ќе биде Кристиан Ромеро од Џенова.
Ромеро има 20 години и импересионира со игрите оваа сезона и во Јувентус биле убедени дека тој е вистинско решение. Според информациите на Агрести првобитно планот на Јувентус бил да го купи Ромеро и да го остави една година на позајмица, но потоа постигнале договор за сума од 30 милиони евра тој на лето да се приклучи тимот на Алегри.
#Juventus: avanti tutta per #Romero. Nelle prossime settimane i bianconeri incontreranno il #Genoa per definire gli ultimi dettagli ???
? https://t.co/6sWAuBMPuF
?@GoalItalia— Romeo Agresti (@romeoagresti) February 5, 2019
г