Благодарение на триумфот против Шкупи, Шкендија денес ја прослави шампионската титула во македонското првенство.
Тетовска Шкендија славеше со 2:0. Во 63. минута беше отворен резултатот благодарение на погодокот на Радески, додека конечните 2:0 ги постави Ибраими во 83. минута.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во останатите дуели, Вардар беше поразен од Победа со 2:0, Работнички славеше против битолски Пелистер со 4:0.
Академија Пандев го запиша првиот триумф во вториот дел од сезоната против Скопје каде славеше со 2:0, додека Силекс благодарение на погодкот на Пановски ја порази Ренова со минимални 1:0.