Дома Трансфер зона ГОТОВО Е – Арсенал се согласи, Шчесни се сели во лутиот ривал на Рома !

ГОТОВО Е – Арсенал се согласи, Шчесни се сели во лутиот ривал на Рома !

Договорот е постигнат, полскиот голман, Војчиех Шчесни се сели во Јувентус.

Јувентус бара голман, а изборот падна на Полјакот, кој минатата сезона како позајмен голман од Арсенал бранеше за Рома.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Добро информираниот „Sky Sports“ објави дека Јуве и Арсенал постигнале договор и дека „Топчиите“ ќе заработаат 16 милиони евра, а Шчесни ќе потпише четиригодишен договор кој годишно ќе му носи 3,5 милиони евра. Буфон наскоро ќе ја заврши својата богата кариера и Шчесни има прилика следната година да биде голман број еден во Торино, освен ако не се покаже.

Потсетуваме, Буфон најави крај на кариерата по Светското првенство во Русија следната година, додека Шчезни и не би имал место во Арсенал покрај Чех и Оспина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Чистка“ во Арсенал: Артета продава трио од 140 милиони евра?

Тимот на Арсенал има одлична сезона во која до самиот крај се бореше за титулата во Премие…