Дома Топ вести Готово: Договорен е трансферот на Алексис Санчез!

Готово: Договорен е трансферот на Алексис Санчез!

Чилеанскиот напаѓач Алексис Санчез се наоѓа на излезна врата од Арсенал, а одредени медиуми тврдат дека тој веќе има нов клуб.

Имено, „Марка“ пренесува дека 29-годишниот напаѓач е на чекор од потпишување договор со Манчестер Сити и дека во наредните денови ќе стане член на клубот од „Етихад“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Пеп Гвардиола подолго време го посакува Санчез во својот тим, но во текот на летото не успеа да го доведе на „Етихад“.

Санчез во наредните денови ќе стане нов член на „граѓаните“, иако Арсенал беше голем противник на негова продажба во некој од ривалите од Премиер лигата.

За Санчез интерес покажаа уште Реал Мадрид, Баерн Минхен и ПСЖ, но Чилеанецот го одбра Сити бидејќи повторно сака да соработува со Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Познат фаворитот за потписот на Зиркзе

Ѕвездата на Болоња и холандски репрезентативец Џошуа Зиркзе е на мета на многу клубов…