Дома Трансфер зона Готово: Договорено првото засилување за Барселона наредната сезона!

Готово: Договорено првото засилување за Барселона наредната сезона!

Барселона ги има сите документи да го обезбеди потписот на Ињиго Мартинез за сезоната 2023/2024, пренесува новинарот Фабрицио Романо.

Уште од март годинава почнаа најавите дека 31-годишниот централен бек прифати да игра за каталонскиот гигант како слободен агент.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако ќе бидат завршени лекарските прегледи, на крајот од тековната сезона официјално се очекува да биде потпишан договорот.Мартинез ќе го носи дресот на Барса до јуни 2025 година.

Од 2018 година ги бранеше боите на Атлетик Билбао со 152 настапи и шест голови. Претходно седум години беше дел од екипата на Реал Сосиедад.

Со Атлетик Билбао успеа пред две години да го освои шпанскиот Суперкуп, а двапати беше финалист во Копа дел Реј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…