Германскиот репрезентативец Јулијан Дракслер е првото засилување за ПСЖ во зимскиот преоден ро, откако францускиот клуб за Германецот плати 36 милиони евра.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Весникот „Билд“ објави слика на која Дракслер позира во дресот на ПСЖ со бројот 23, во друштво на спортскиот директор на клубот Патрик Клајверт, а веднаш потоа стигна и потврда од францускиот шампион.
Дракслер за Волфусбург играше 18 месеци, откако претходно кариерата ја започна во Шалке.
За германската репрезентација има одиграно 27 натпревари и постигнато четири гола, а беше дел од составот кој во 2014 година стана светски шампион.