Дома Фудбал Готово: Алегри ја слушна казата и повеќе нема да го води Јувентус

Готово: Алегри ја слушна казата и повеќе нема да го води Јувентус

Дуелот против Аталанта во финалето од Купот на Италија е последен за Масимилијано Алегри на клупата на Јувентус.

Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Италија го казни Алегри со 5.000 евра, но и два меча нема да смее да го води Јувентус од клупата поради недолично однесување во финалето од Купот на Италија.

Алегри во завршницата од средбата го фрли сакото и јакната додека беснееше и ги навредуваше судиите.

Со оглед на фактот што раководството на „старата дама“  веќе донесе одлука да се раздели со Алегри на  крајот на сезоната, ова значи дека неговата авантура  во  Јувентус е завршена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ЦСКА доби дом од 45 милиони евра, но на отворањето недостигаа голови

Обновениот стадион „Бугарска армија“ ги исполнува условите за четвртата категорија на УЕФА…