Tимот на Гостивар денеска промовираше уште едно големо засилување за пролетниот дел од сезоната и тоа од германска Ханза Рошток.
Нов играч на гостиварци е дефанзивецот Томас Меизнер. Станува збор за 32-годишен стопер кој зад себе има големо искуство. Покрај Ханза, во кариерата играше и во најсилната холандска лига (Ередивизие) за екипите на Вилем и Ден Хаг, а беше дел и од Пушкаш Академијата, Дуизбург и вторите екипи на Мајнц и Борусија Дортмунд.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Очигледно амбициите во Гостивар пораснаа, па во јануарскиот преоден рок се засилија со фудбалери кои имаат сериозно портфолио. Претходно пристигнаа Петар Слишковиќ, одличниот Иван Ивановски од Тиквеш, детето на Фенербахче помеѓу стативите Ертен Ерсу, а на клупата седна турскиот стратег со искуство од Бундеслигата Исмаил Аталан.