Дома Фудбал Останато Господски потег на Адеми после поразот во финалето од хрватскиот куп

Господски потег на Адеми после поразот во финалето од хрватскиот куп

Вчера Ријек петти пат во својата клупската историја стана шампион во Купот на Хрватска, во финалето го совладаа тимот на Аријан Адеми со 3:1.

„Гледачите можеа да уживаат во финалето се најдоа двата најдобри тимови. И честитаме на Ријека на победата, тие ги искористија своите шанси, ние имавме шанси, но не успеавме да постигнеме гол, не реализиравме и пенал. Не знам како и каде го изгубивме натпреварот“, изјави Адеми.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После натпреварот Адеми направил господски потег – влегол во противничката соблекувална и им честитал на противниците.

„Нас Ријека не не изненади, сите знаевме дека се одличен тим. Знаевме од каде се закануваат и како треба да се однесуваме кога напаѓаме…Се знаевме. Голема штета, имавме прилики, создадавме шанси, но фудбалот е таков“, истакна македонскиот фудбалер.

Динамо оваа сезона се избори за европска пролет и титула во првенството на Хрватска.

„Овој тим направи огромни работи. Одигравме маестрална сезона, но штета е за купот. Им честитам на противниците, за нас топката едноставно не сакаше да влезе во гол“, заврши Адеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…