Дома Фудбал Останато Горица му врачи отказ на Ангеловски

Горица му врачи отказ на Ангеловски

Поранешниот македонски селектор, Игор Ангеловски повеќе не е шеф на стручниот штаб на Горица, откако клубот реши да му врачи отказ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Одлуката за прекин на соработката е донесена по вчерашниот пораз во 16-то коло на хрватскиот шампионат против Истра.

Горица не успеа да освои ниту една победа по доаѓањето на Ангеловски и остана на дното на шампионатот, па раководството го загуби трпението.

Пред десетина дена Ангеловски сам си поднесе оставка, но клубот не ја прифати. Сепак, откако резултатите не се променија реши да му врачи отказ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Со авионот на Бразил дома се вратил само еден фудбалер

По разочарувачката елиминација во осминафиналето на Светското првенство од Норвешка (2:1),…