Дома Македонски спорт Мак фудбал Горан Попов за СПОРТСКИ.МК: Марио Младеновски од вчера е слободен играч!

Горан Попов за СПОРТСКИ.МК: Марио Младеновски од вчера е слободен играч!

Овие денови во фудбалската јавност кај нас се појави информација дека Марио Младеновски ќе замине од Вардар после несогласувања со управата.

СПОРТСКИ.МК денес го контактираше менаџерот на Младеновски, поранешниот македонски репрезентативец, Горан Попов.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Попов за нашиот сајт детално ја објасни ситуацијата и нагласи дека од вчера Марио Младеновски е слободен играч, поради како што кажа незаинтересираноста на клубот и луѓето кои работат во него.

„Ќе почнам од почеток. За Марио уште во јануари имав една-две. Тие понуди беа по 200.000-300.000 евра. Клубот не ги прифати иако почетната цена на Марио беше 100.000 евра. Уште тогаш разговарав со директорот Самоил Симев и Самсоненко, но ми се налутија и ми кажаа дека сум сакал да изнесувам млади деца од клубот. Тоа не е точно, јас бев играч на Вардар и мислам и на доброто на клубот, никогаш не сум правел ништо за да наштетам“.

„Вардар во последните години не работи добро и тоа е очигледно, клубот ги продаде само Николов и Спировски што е премалку, ако ги погледнеме клубовите од овие простори“.

Интерес за Младеновски се појавил на пријателскиот натпревар кој Вардар го играл со Црвена Звезда во текот на припремите.

„После натпреварот разговаравме повторно, но ништо не се заврши. Клубот го верификуваше договорот на Марио на 21. јануари“.

Попов му дал рок на Вардар, меѓутоа клубот изгледал незаинтересирано.

„Ние го почекавме крајниот рок 15. мај, дури чекавме и 30 мај. Чекавме одговор на понудите за клубот да не биде оштетен, одговор немаше. Затоа јас не можев да чекам повеќе, не знаев што овој пат ќе побараат па на 29. мај пуштив документи во ФФМ за Марио да биде слободен играч. Рокот од Вардар да се изјаснат беше до вчера, меѓутоа повторно немаше одговор и со тоа само покажаа дека не ги интересира ништо. Во Варар работат луѓе кои само чекаат месечна плата затоа Марио од вчера е слободен играч, има уште некои формланости да поминат во ФФМ, но се е легално и завршено. Претходно Марио четири месеци немаше земено плата од клубот“, ни изјави Попов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…