Тренерот на Вардар Раул Гонзалез по тешкиот меч со Пик Сегед во кој „црвено-црните“ победија со 34:30 не го криеше своето задоволство.

– Им честитам на Пик Сегед, секогаш кога играме против нив имаме тежок натпревар, бидејќи противникот е одлично подготвен. Првите 15 минути не игравме добро, но на крајот успеавме да поведеме со два гола разлика. Имавме предност од пет гола, но знаевме дека против ривал како Пик Сегед тоа не е доволно и дека треба да се игра до крај. Игравме под притисок бидејќи оваа победа за решаваше дали ќе го задржиме првото место во групата, изјави Гонзалез.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Задоволен е сум од ракометарите и им честита на прикажаната игра. Вардар, вели, е на првото место на табелата оваа сезона што пак не е мала работа. Има три бода предност пред Нант и четири во однос на Барселона.

Вардар по 12. коло има 20 бода, односно три повеќе од Нант и четири од Барселона. До крајот на групната фаза остануваат уште два меча, против Нант на гостински терен и на домашен терен со Висла Плоцк.

Европскиот првак во следното коло му гостува на Нант, за кого настапува Кирил Лазаров

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…