Дома Македонски спорт Мак ракомет Гонзалес: Да го искористиме моментот за нова победа во ЛШ

Гонзалес: Да го искористиме моментот за нова победа во ЛШ

Пик Сегед е наредниот противник на Вардар во Лигата на шампионите. Македонскиот првак Вардар од почетокот на сезоната игра во брилијантна форма, по стартното реми со Мешков Брест, во СЕХА лигата, тимот на Раул Гонзалес има серија од десет победи.

„Треба да го искористиме моментот во кој се наоѓаме, да ја искористиме нашата добра форма. Пред себе имаме добар противник кој има и квалитет и искуство, добар тренер. играат добар ракомет и поради тоа мора да бидеме максимално фокусирани“, рече на прес конференцијата пред натпреварот тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Гонзалес за мечот со унгарскиот тим на располагање ќе ги има сите играчи, додека на споритвната страна ќе недостига довчерашниот вардарец Сергеј Горобок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

ФК Вардар: Историјата ќе памети кој не избрка од Градски!

Oд редовите на Вардар денеска преку социјалните мрежи ја информираа јавноста дека клубот д…