Европскиот првак Вардар во недела го игра последниот натпревар од групната фаза во А групата на лигата на шампионите и во СЦ „Јане Сандански” гостува полски Висла Плоцк. За сигурен и директен пласман во четврт-финалето на лигата на шампионите ни треба најмалку реми против полскиот тим. Во таборот на „црвено-црните” се убедени дека со триумф ќе се заврши регуларниот дел од сезоната и ќе ги прескокнеме натпреварите од осмина-финалето и по петти пат ќе бидеме во Топ-8 во Европа.
На првиот меч сезонава во ЛШ, Вардар победи во Полска со 26-22. Натпреварот во недела е важен за двете екипи. Ние играме за директен пласман во четврт-финалето, а Висла сака да освои бодови со кои ќе може да го завери шестото место во групата и да се пласира во Топ1-6 фазата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Фаворити сме на овој натпревар и имаме шанса уште еднаш да завршиме на првото место на табелата. Работевме многу добро во последните денови, но имаме уште работи за подобрување. Мораме да го подобриме нашиот напад бидејќи тој не функционираше како што треба против Нант.
На овој меч против Висла Плоцк влегуваме како фаворити. Сепак, мораме да го знаеме и тоа дека екипата на Висла секогаш игра многу подобро кога е гостин. Кога игра дома има проблеми, но она што можевме да го видиме на гостувањата кај Барселона и ПИК Сегед ни покажа дека на туѓ терен секогаш играат многу доба ракомет. Ние имаме мал притисок бидејќи мораме да го добиеме овој натпревар. Имам доверба во моите играчи и убеден сум дека заедно со нашите навивачи ќе знаеме како да стигнеме до посакуваниот резултат. Ако завршиме на првото место во што не се сомневаме тоа ќе биде уште еднаш голем успех за Вардар. Нашата одбрана е добра секогаш, но не е на нивото како што беше во декември. Ќе мораме да продолжиме да работиме силно и да ја креваме формата.
Чупиќ тренира со нас. Тој одржа веќе тренинг. Долго беше надвор од терените. Коленото е подобро, но ќе видиме како ќе биде. Имаше долга пауза и пред натпреварот ќе видиме кој ќе игра, а кој не – изјави Раул Гонзалес.