Монпелје ќе биде последната пречка за вардарци кон патот до големото финале во Лигата на Шампионите. Денес со ждрепка беа извлечени полуфиналните двојки на завршниот турнир во Келн, каде ќе се сретнат Вадар и Монпелје, како и ПСЖ против Нант. Своите впечатоци за противникот ги сподели и трененерот на црвено-црните, Гонзалез кој истакна дека имаат доволно време да го анализираат тимот на Монпелје кој сигурно после големиот успех и пласманот на Ф4 ќе бидат многу мотивирани.

-Сега треба добро да се анализира Монпелје. Јас ги гледав нивните натпревари сезонава, но само како обичен гледач. Следува анализа на тоа што го играат. Имаат различна екипа од порано, играат со многу самодоверба и бидејќи ова е голем успех за нив сигурно ќе бидат мотивирани. Ние се спремаме како и за секој противник. Има време за се, несакам ништо да прогнозирам ниту да анализирам сега. Го знаеме противникот и сега ќе се фокусираме на тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Сара Ристовска ја има вториот најубав гол во третото коло на ЕП (Видео)

Најдобрата македонска ракометарка Сара Ристовска вчера постигна шест погодоци во натпревар…