Во дербито на осмото коло во шпанската Примера Атлетико стигна до лесна победа против Барселона со 2:0.
Атлетико во претходните години претставуваше најголем ривал на Барселона после Реал Мадрид, а денес „јорганџиите“ изгледаат како далеку поквалитетен тим од Каталонците. Екипата од „Ванда Метрополитано“ од поодамна немала вака лесна победа против Барселона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Домаќините го отворија резултат во 23. Минута кога Лемар постигна гол на асистенција на Суарез. Само четири минути подоцна Суарез пропушти зицер. Сепак, Уругваецот се поправи во финишот на првиот дел. Асистент на Суарез му беше Лемар, искусен напаѓач како Суарез лесно ја реши ситуацијата еден на еден во која се најде со Тер Штеген.
Во второто полувреме Атлетико одигра докторска одбрана како што знае и не дозволи Барса да создава шанси, па резултатот не се промени. По овој триум Атлетико има 17 бодови, додека Барса остана на 12.