Дома Видео Голот на Белингем и чудесните ножички на Хоселу за победа на Реал над Манчестер

Голот на Белингем и чудесните ножички на Хоселу за победа на Реал над Манчестер

Со ИМПРЕСИВНИ голови на новите играчи, Реал го победи Манчестер Јунајтед со 2:0 во пријателскиот натпревар во Хјустон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Џуд Белингем погоди во 6. минута, а Хоселу во 89. минута го постигна конечниот гол. Лука Модриќ го предводеше Реал како капитен до 61. минута, кога беше заменет од Дијаз.

Младиот (20) Англичанец, кој Реал го купи од Борусија Дортмунд за 103 милиони евра на почетокот на месецот и кој доколку се остварат бонусите може да чини 133 милиони евра и со тоа да стане најскапиот играч во историјата на Реал, постигна брилијантен прв гол на натпреварот.

Рудигер одлично му сервираше со длабока игра, со која ги прескокна сите одбранбени линии на Јунајтед, а Белингем со извонреден лоб удар го совлада голманот Лисандро Мартинез.

Сепак, она што го направи Хоселу, ветеранот (33) повратник во Реал, на минута пред крајот го засени дури и голот на Белингем.

Лукас Васкез нафрли од десната страна, а Хоселу акробатски се фрли во шеснаесетникот и постигна гол за најавни шпици.

Видео од голот можете да погледнете ТУКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Договор на повидок: Тер Штеген е на чекор од потпис со новиот клуб!

Искусниот германски голман наскоро ќе замине на едногодишна позајмица во Амстердам, а во д…