Дома Фудбал Голот е поништен поради правила кои никој не ги знае. Погледнете ја сцената која крена бура во фудбалската јавност

Голот е поништен поради правила кои никој не ги знае. Погледнете ја сцената која крена бура во фудбалската јавност

РЕН И ВИЉАРЕАЛ одиграа решавачки натпревар во последното коло од Лигата на Европа.

Се знаеше дека овие клубови ја минуваат групата од Лига Европа како први и втори, но позицијата од која минуваат прави огромна разлика.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На француските домаќини им беше доволен бод да го задржат првото место во групата и на тој начин директно да одат во осминафиналето на ЕЛ. Шпанските гости мораа да победат за да скокнат од втората позиција во групата.

Значи, јасно е дека ова беше натпревар со огромен влог и донесе луд натпревар. Гостите поведоа со голот на Херардо Морено од пенал во 36. минута.

Само една минута подоцна израмни Лоренц Асињон. Гостите повторно поведоа преку Илас Акомах во 62. минута, но домашните се вратија во 79. минута преку Лудовик Блас. Но веќе во следниот напад Дани Парехо погоди за ново водство на Виљареал од 3:2.

Рен одговори со општа офанзива за конечниот резултат и првото место. Како дел од тоа ја погоди гредата и потоа во 13. минута од судиското надополнување експлодираше стадионот на францускиот клуб. Асињон погоди уште еднаш за, се чинеше, конечни 3:3 и минување на Рен од првото место.

Но следеше шок. По ВАР асистенција, турскиот судија Атила Караоглан го поништи голот, кој никако не беше сомнителен. Набрзо се дозна дека причината за ваквата одлука е неверојатно, бизарно правило, за кое не знаел ниту судијата на натпреварот.

На голот му претходеше слободен удар на Рен од Енцо Ле Фи. Тој со директен удар од слободен удар ја погоди гредата, од која топката се одби до него без да допре друг играч, по што повторно шутираше.

Ова не е дозволено, а во ВАР-собата го забележаа овој важен детал, поради што беше прекинато продолжението на акцијата, а со тоа и голот на Рен за 3:3.

Сите на стадионот, но и коментаторите во медиумите беа зачудени, не знаејќи зошто голот е поништен. Така Рен остана без првото место во групата, парите кои ќе ги заработеше и ќе има многу потежок европски пат, поради бизарно, непознато правило.

Renne’s last minute equalizer got overruled because the player that took the free kick reached the ball after it hit the crossbar before anyone else
byu/er_primo_der_rafa insoccer
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер јунајтед доби „корпа“: Ливерпул бесплатно ќе се засили со голема ѕвезда!?

Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен е при крајот на неговиот договор и за неколку недели може д…