Манчестер Јунајтед успеа да се пласира во финалето на ФА Купот по драматичен натпревар против второлигашот Ковентри. До 71. минута Јунајтед имаше предност од 3:0 против осмопласираната екипа од Чемпионшип, а потоа прими три гола. Победникот беше познат по изведувањето на пенали, а фаворизираниот тим победи со 4:2.
Интересен момент се случи при пенал серијата. Голманот на Јунајтед, Андре Онана, на пет минути пред крајот на натпреварот доби жолт картон поради задржување на играта, и во тој дел од играта беше јавно опоменет. И покрај тоа што на истиот натпревар доби два жолти картони, тој имаше право да брани до крајот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ситуацијата која изненади многумина ја објаснија англиските медиуми со појаснување дека судијата Роберт Џонс не згрешил што го оставил Онана во игра бидејќи според правилото на ИФАБ од точка 10.3, жолтиот картон од натпреварот не се префрла во пенал серијата. Јунајтед во финалето на ФА Купот ќе игра против Манчестер Сити. Онана има право на настап на тој натпревар. Натпреварот се игра на 25 мај.