Дома Останати Ракомет Голманот на Исланд: Македонија се плаши од нас, ние од нив

Голманот на Исланд: Македонија се плаши од нас, ние од нив

Јапонците иако имаа свои шанси денес во неизвесен натпревар запишаа пораз од Исланд со 25:21.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа победа на Исланд значи дека освен ако не направиме чудо вечерва против Шпанија, утре единствено победа ќе не води во следната фаза.

Чуварот на мрежата на Исланд, Пол Берген Густавсон против Јапонија имаше неколку одлични интервенции, но свесен е дека против Македонија утре ќе ги очекува потешка задача.

„Против Македонија сме одиграле повеќе натпревари овие години и навистина добро се познаваме. Ние се плашиме од нив, но и Македонците се плашат од нас. Таквата ситуација е доказ дека и двете репрезентации се силни. Мораме добро да се подготвиме бидејќи ќе играме против играч од светска класа каков што е Кире Лазаров“, прокоментира Густавсон.

Македонија и Исланд натпреварот го играат утре од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Чупиќ е во борба за тренер на сезоната во Лига Европа!

Хрватскиот стратег Иван Чупиќ има можност на одличен начин да ја заокружи својата дебитант…