Дома Фудбал Лига на шампиони Голманот на Баерн за Роналдо: Не ми е јасно зошто глумеше

Голманот на Баерн за Роналдо: Не ми е јасно зошто глумеше

Реал во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите го совлада Баерн со 1:2, а во стрелците на овој натпревар не успеа да се запише Кристиано Роналдо.

Португалецот во второто полувреме после проигрувањето од Лука Модриќ го матираше Свен Улреих, но поради играње со рака судијата го поништи неговиот погодок.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


На чуварот на Баерн не му беше јасно зошто Роналдо негодувал на одлуката на главниот судија.

„Не ми е јасно зошто Роналдо се жалеше. Ако тоа не беше рака, јас не знам што е. Секако дека со право голот е поништен. Тој тоа нема да го признае, но јасно му е и него. Мислам дека е свесен и дека само глумеше дека не знае зошто голот е поништен“, изјави Улреих.

Како и соиграчите и Улреих е разочаран од резултатот.

„Реал ги искористи своите шанси, не одигра ништо посебно. Од друга страна ние пак игравме навистина добро, создававме шанси кои за жал не ги искористивме“, заврши голманот на гигантот од Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…