Дома Фудбал Англија Голманот кој прими „осмица“ од Сити: Неверојатни се, се молев да не ни дадат десет

Голманот кој прими „осмица“ од Сити: Неверојатни се, се молев да не ни дадат десет

Еден од оние кои се уште не се опоравиле од шокатниот пораз на Вотфорд против Манчестер Сити е голманот на овој тим Бен Фостер.

Тој во саботата прими осум голови во натпевар од Премиер лигата, а два дена после дебаклот беше искрен и за медиумите изјави дека се молел да не примат десет.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сити после само 20 минути водеше со 5:0 и тогаш изгледаше дека „граѓните“ можат да стигнат до двоцифрен број голови. Меѓутоа на крајот застнаа на осум.

„Воопшто не беше интересно. Можам да кажам дека како голман кога доаѓате на „Етихад“ можете да бидете среќни ако примите само еден или два гола. Кога примивме пет гола во првите 20 минути помислив: О, Боже можеме да примиме десет. Беше навистина тешко. Овој Сити дефинитивно е најсилниот тим против кој сум играл“.

„Прашање на време е кога ќе му направат на некој друг нешто слично. Секогаш се агресивни, први стигнаат до топката и не ти даваат многу простор да размислуваш. Само што екипата ќе дојде во посед и размислува што сега, поминува секунда и веќе мораш да се браниш затоа што Сити напаѓач. Сите се движат како еден и тоа е неверојатно. Силни се и брзи, техниката им е фантастична“, ијзави Фостер.

Вотфорд после бламажата на „Етихад“ се наоѓа на последната позиција во Премиер лигата со два освоени бодови после шест кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…