Поранешниот голман на Вардар кој со црвено-црните ја освои Лигата на шампионите, Дејан Милосвљев е прогласен за најдобар голман на ракометното клупско Светско првенство кое го носи името Суперглоуб.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Милосављев го водеше тимот на Фуксе Берлин до финалето каде што беа поразени од шампионот Магдебург по продолженија со 34:32.
Покрај Милосављев во тимот на Фуксе Берлин настапува и Михајло Марсениќ кој освен во Вардар играше и во Металург.
Фуксе Берлин во овој момент е лидер во Бундеслигата, а добрата форма на Милосављев е добра вест за селекторот на Србија Тони Жирона кој ќе ја води оваа селекција на Европското првенство во јануари. Собирот на најдобрите репрезентации во Европа е исто така во Германија.
Милосављев во Вардар ќе потсетиме дојде до српски Партизан и иако од него немаше преголеми очекувања сепак прерасна во фантастичен голман.