Реал Мадрид сигурно ќе го загуби првенството во Шпанија, а уште на лето треба да следуваат големи промени на „Сантијаго Бернабеу“.
Се најавува заминување на неколку ѕвезди, но и формирање на нови Галактикоси. Бензема, Модриќ, Бејл и Иско се некои од играчите кои се споменуваат во контекст на заминувањето.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Младата ѕвезда, Марко Асенсио, наводно, открил дека Манчестер Јунајтед спрема понуда за стоперот Рафаел Варан, пишува „Diario Gol“. 24-годишниот дефанзивец на Реал долго време е желба на Мурињо. Интересно е дека Французинот во Реал го доведе токму португалскиот стратег, за време на неговиот мандат во Мадрид.
Изгледа дека Португалецот конечно ја убедил управата на Јунајтед да одвои пари за Французинот. Станува збор за износ од 60 милиони евра, а Флорентино Перез тој изноз би го искористил за засилување на последната линија. Потсетуваме, на листата на „Мадриѓаните“ се Бонучи од Милан, Маркињос од ПСЖ и Давид Алаба од Баерн, за кого е заинтересирана и Барселона.