Вчера Челзи беше поразен на пенали од тимот на Ливерпул кој така стигна до освојување на Супер купот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
После регуларните 90 минути резултатот беше 1:1, за подоцна да видиме по еден гол на двете страни и во продолженијата.
Единствениот кој не реализираше во беше Абрахам, па Ливерпул победи со 5:4. Меѓутоа после натпреварот навивачите на Челзи започнаа да објавуваат фотографии тврдејќи дека овој пенал требало да биде повторен.
Имено, на фотографиите се забележува дека Адриан со двете нозе стои пред гол линијата уште пред Абрахам да шутира. Тие сметаат дека ако главната судијка на натпреварот не забележа, тогаш ВАР не смеел да испушти вакво нешто.