Дома Фудбал Останато Голем пресврт во кариерата на Гонзало Игуаин

Голем пресврт во кариерата на Гонзало Игуаин

Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин оваа сезона доживеаа голем пад откако што Јувентус го испрати на позајмица.

Игуаин првиот дел од сезоната го помина на позајмица во Милан, каде што не се снајде баш најдобро, а само шест месеци подоцна го напушти „Сан Сиро“. Челзи испрати понуда за позајмица која аргентинскиот напаѓач не можеше да ја одбие.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Меѓутоа, јасно е дека во Челзи од него повеќе очекуваа и се уште е под голем прашалник дали „Сините“ ќе го откупат неговиот договор на крајот од сезоната. Но, италијанските медиуми пренесуваат дека во овој случај би дошло до голем пресврт. Наводно, управата на Јувентус сериозно размислува за тоа да го врати Игуаин во тимот и тој да биде прв избор за напаѓач за новата сезона.

Во тој случај, Јуве би можел да го продаде Манџукиќ кој малку покажа во финишот од оваа сезона. Наводно, ниту Роналдо нема ништо против Игуаин да биде во тимот и дал „дозвола“ да го врати од Челзи. Игуаин има уште финале во Лигата на Европа во дресот на Челзи откако што се врати во Торино и ќе чека одлука од Јувентус и лондонскиот клуб околу неговата судбина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фотографија која го обележа финалето во Лигата на Европа 📸

Вчера во финалето од Лигата на Европа Аталанта го победи Баер Леверкузен за кого ова беше …