Во изминатиот период тимот на ПСЖ никако не успева да излезе од медиумите, а главната причина е Килијан Мбапе. Пред неколку дена беше објавено дека Мбапе сака да си замине од Париз поради неисполнети ветувања од договорот потпишан пред почетокот на сезоната.
Сега фрацускиот истражувачки медиум „Медиапрт“ дојде до откритие дека во ПСЖ изнајмиле агенција да креира голем број лажни профили на Твитер преку кои би го диктирале мислењето за клубот во јавноста. Но, во исто време профилите имале таргетирано и некои фудбалери.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Еден од тие фудбалери бил Мбапе кој кога дознал за тоа не го прифатил најдобро. Новинарот Филип Санфурше од РТЛ објави дека Мбапе се чувствувал предаден од својот клуб затоа што сакале да ја повредат неговата личност.
Набрзо на истатата приказна се надоврза и „Л’Екип“ кој додаде и изјава на анонимен извор од клубот кој тврди дека Мбапе веќе некое време покажувал дека не е среќен.
„На почетокот доаѓаше на тренинг кампот насмеан и со шеги се поздравуваше со сите, но еден ден дојде без да прозбори ниту збор, скоро и да не се поздрави со никого. Оттогаш е таков, тоа се случи некаде на почетокот на сезоната“, гласела изјавата на изворот.
Ќе потсетиме Мбапе го продолжи договорот за плата од 50 милиони евра по сезона и освен тоа доби и бонус од 100 милиони евра.