Дома Фудбал Англија Голем гаф на Сити: Го купија Дијаз, а мислеа на Кулибали ?

Голем гаф на Сити: Го купија Дијаз, а мислеа на Кулибали ?

Манчестер Сити направи голем гаф откако го претставија Рубен Дијаз кој дојде во Сити од Бенфика за 68 милиони евра.

„Граѓаните“ долго време беа во потрага по квалитетен стопер, многу се поврзуваа со Кулибали од Наполи, сепак на крајот на „Етихад“ пристигна Дијаз.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во објавата во која го потврдуваат трансферот на Рубен Дијаз подолу направија огромен гаф. Место името на Дијаз во една реченица стоеше Калид Кулибали.

„Граѓани, ново засилување – добијте потпишан дрес од Калид Кулибали“, стоеше во објавата на сајтот на Сити, набрзо таа грешка беше корегирана, но остана доволно долго да биде забележана.

И тоа не беше единствена грешка името на Кулибали стоеше и во делот каде што навивачите можат да постават прашање за новото засилување.

Ова само потврдува дека Кулибали навистина бил  блиску до Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …