Дома Фудбал Италија Голем бод за Јувентус: Дамата ја заклучи титулата, Наполи повторно губи чекор

Голем бод за Јувентус: Дамата ја заклучи титулата, Наполи повторно губи чекор

Јувентус дефинитивно стави катанец на титулата за оваа година во Серија А. Наполи не успеа да ги разниша шампионските амбиции на екипата од Масимилијано Алегри, иако не доживеа пораз во синоќешното дерби, сепак, остана без два вредни бода, поради кои не само што веќе не е кандидат за шампионската титула, туку е сериозно далеку и од директен пласман во Лигата на шампионите.

Старата дама не можеше да посака подобро отворање на натпреварот. Слабата интервенција на домашните одбранбени играчи успеаја да ја искористат Кедира и Пјаниќ, после чие двојно додавање, германскиот репрезентативец прилично лесно ја смести топката зад грбот на Рафаел.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Јувентус после тоа престана да игра, а простор за било каков напад на домашниот тим беше речиси отсутен и беше речиси невозможно да се пронајде слободен пат до голот на Буфон. Така беше сè до 60-та минута, кога Наполи одговори со речиси идентичен напад и стигна до израмнување.

Сепак, притисокот на одбраната од Старата дама траеше сè на сè само неколку минути, а потоа гостите повторно ја заклучија својата одбрана, очигледно исклучително задоволни што после 30 одиграни кола ќе имаат шест бодови предност пред второпласираната Рома.

Наполитанците сакаа победа, но немаа доволно сила за да дојдат до целосен пресврт, па сега за заостануваат зад Волчицата од Рим и директниот пласман во Лига на шампиони цели четири бода.

Серија А, 30 коло, резултати

Сабота:

Саусоло – Лацио 1:2 (1:1)

Рома – Емполи 2:0 (1:0)

Недела:

Торино – Удинезе 2:2 (0:0)

Киево – Кротоне 1:2 (0:0)

Фиорентина – Болоња 1:0 (0:0)

Џенова – Аталанта 0:5 (0:2)

Палермо – Каљари 1:3 (1:1)

Пескара – Милан 1:1 (1:1)

Наполи – Јувентус 1:1 (0:1)

Понеделник:

20:45, Интер – Сампдорија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи тргнува по ѕвездата на Барселона

Челзи ќе се вклучи во битката за дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, пренесуваат кат…