Македонскиот репрезентативец, Арјан Адеми игра во одлична форма и затоа доби уште едно големо признание во Хрватска.
Капитените на хрватските тимови го избраа Адеми за најдобар за 2020 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Адеми заврши на првото место убедливо пред Мијо Цакташ од Хајдук. Нашиот репрезентативец собра 66 бодови, 22 повеќе од Цакташ.
Зад себе Адеми имаше одлична година. Со екипата на Динамо успеа да се пласира во нокаут фазата во Лигата на Европа, а Динамо во групната фаза прими само еден гол. Секако Адеми како капитен на тимот има огромни заслуги.
Мора да спомене и дека Адеми беше успешен и на репрезентативен план обезбедувајќи пласман на Европското првенство со Македонија.