Дома Фудбал Италија Големо интервју на Дел Пиеро: Ако прифател една понуда ќе играл против Јуве, за Буфон, Дибала, Роналдо…

Големо интервју на Дел Пиеро: Ако прифател една понуда ќе играл против Јуве, за Буфон, Дибала, Роналдо…

del piero

Легендата на Јувентус, Алесандро Дел Пиеро пред 25 години го одигра својот прв официјален натпревар во црно-белиот дрес кој потоа го носеше на 705 натпревари.

На годишнината од своето деби во дресот на Јувентус, Алесандро Дел Пиеро даде големо интервју за „Газета дело Спорт“, една од главните теми беше Лигата на шампионите која стартува за шест дена.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дел Пиеро беше член на последната генерација на Јувентус која го подигна овој пехар.

„Таа 1996 година беше многу возбудлива. Не е исто како Светското првенство кога се се случува во еден месец. Лигата на шампионите е долго патување, а таа сезона ние ги срушивме сите препреки. Тоа беше сезона кога се афирмав и на личен план. За навивачите на Јуве беше година кога конешно станавме најдобри во Европа. Мислам дека и оваа сезона Реал е главен фаворит, иако останаа без Роналдо. После нив се Јуве, ПСЖ, Манчестер Сити, Барселона, Баерн и Ливерпул.

Оваа сезона после неколку години Италија има четири претставници во завршната фаза.

„Јуве секогаш игра победи и тука нема калкулации. Рома исто така има високи амбиции, покажаа дека поседуваат вистински менталитет и можат да станат еден вид на Ливерпул. Тим кој може да пружи одличен настап во Европа. Наполи и Интер покажаа од што се направени, ќе видиме колкав е нивниот дострел. Се надевам дека сите италијански клубови ќе ја поминат групната фаза. Ако некој од клубовите игра во Лига Европа се надевам дека ќе има вистински пристап“.

buffon

Потоа Дел Пиеро зборуваше за играчите кои според него ќе ја облежат сезоната.

Меси и Роналдо повторно ќе покажат многу. Јас сакам да го видам и Мбапе. Мислам и дека сите многу брзо го заборавивте Дибала“.

За трансферот на Буфон во ПСЖ.

„Кога јас го напуштав Јувентус имав прилика да играм за Селтик. Ја одбив таа понуда и многу други, бидејќи сакав да ја напуштам Европа. Токму во таа годинаа Јуве и Селтик се сретнаа во осминафиналето. Со помислив и дека не е така лошо што ја одбив нивната понуда. Ако тоа му се случи на Џиџи, тоа ќе биде негова работа. Шегата на страна, ги следам неговите настапи со гоелмо внимание, но ќе навивам против него доколку се сретнат Јувентус и ПСЖ’.

За крај легендарната „десетка“ на Јувентус потенцираше дека Дибала ќе му биде одличен партнер на Роналдо во нападот.

„Кој е најдобриот партнер за Роналдо? Кога тимот подобро ќе се запознае мислам дека Алегри ќе има уште поопасна екипа. И понатаму верувам дека Дибала може да биде важен играч за Јувентус“, заврши легендарниот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Солзите на Винисиус не биле вистински: Се работело за сценарио за филм!

Винисиус Жуниор го привлече вниманието на медиумите со настапот на прес-конференцијата пре…