Дома Фудбал Останато Големо дерби во Турција: Јаховиќ му гостува на Бешикташ

Големо дерби во Турција: Јаховиќ му гостува на Бешикташ

Бешикташ полека излегува од кризата во која се наоѓа, а во овој меч има за цел да ја продолжи својата серија без пораз во лигата на четири натпревари кога ќе го пречека Гезтепе на Водафон Парк.

Гезтепе се наоѓа на ниското 18-то место откако ги загубија последните два првенствени натпревари, што ги остава четири бода далеку од од безбедната зона.

Бешикташ е целосна спротивност од минатата сезона


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По освојувањето на турската Суперлига минатата сезона, Бешикташ е најголемо негативно изненадување сезонава. Екипата е очајна во секој можен поглед и е целосна спротивност на она што беше минатата сезона. Бешикташ се наоѓа на деветтата позиција по 17 одиграни натпревари.

Сепак, една победа и две нерешени средби од нивните последни три првенствени средби сигнализираат пресврт во формата. Освен тоа по катастрофалниот епилог во Лигата на Шампиони и максималните шест порази, тимот сега може целосно се посвети на домашниот шампионат. Токму тоа треба да биде голем плус сега пред густиот распоред во Турција.

Откако го презеде водството на последните два натпревари, привремениот тренер Ондер Каравели е биде задоволен од неговата екипа, особено по нерешените 2:2 на гости кај лутите ривали Фенербахче минатиот меч.

Откако собра 19 од нивните 25 поени на домашен терен, Каравели ќе биде уверен дека неговата екипа може уште еднаш да ја искористи предноста на домашен терен бидејќи сака да го продолжи својот успешен старт како привремен шеф на турскиот гигант.

Гозтепе тешко доаѓа до бодови

Гостите бо Истанбул ќе имаат за цел да избегнат трет последователен пораз во лигата. Минатиот викенд, Канер Еркин погоди во 76-та минута за Карагумрук што значеше домашен пораз за Гозтепе од 0:1. Воедно тоа беше нивниот шести домашен пораз во сезоната. Сезонава оваа екипа игра подобро н агости, отколку дома.

Гезтепе оваа сезона победи само во три наврати во лигата, а четвртата победа се чини неверојатна во четврток, со оглед на фактот дека ги загубија сите последните пет гостувања против Бешикташ.

Шефот на Гезтепе е свесен дека ако неговата екипа сака да избегне испаѓање од лигата, ќе треба да биде многу посконцентрирана во нападот. Да потсетиме, во нападот игра македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ кој на овој меч се очекува да стартува од првата минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Историја: Светот го доби најмладиот светски шампион во шах – има само 18 години!

Домараџу Ѓукеш е светски шампион во шах. Тинeјџерот од Индија, кој оваа година стана полно…