Дома Фудбал Германија Големо дерби во Бундеслигата: Халанд се враќа во вистинско време!

Големо дерби во Бундеслигата: Халанд се враќа во вистинско време!

Саботната програма во Бундеслигата завршува со Дер Класикер на Сигнал Идуна Парк, каде Борусија Дортмунд е домаќин на Баерн Минхен.

Големите ривали во Германија одат еден против друг од врвот на табелата, а домаќините се обидуваат да ги тргнат шампионите на врвот. Баерн има само бод повеќе од Дортмунд и овој меч е од голема важност за двете екипи и нивните амбиции.

Халанд се врати во вистинско време


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Неочекуваното враќање на Ерлинг Халанд во тимот на Дортмунд минатиот викенд го даде многу потребниот импулс за второпласираните предизвикувачи на титулата.

Гледајќи од страна како неговите соиграчи се мачат во бројни средби во Бундеслигата, Халанд се врати со гол од клупата против Волфсбург за да ја запечати победата од 1:3.

На норвежанецот му беа потребни поалку од седум минути на теренот за да се врати на головите и навистина е штета што не можеше д аи помогне на својата екипа во Лигата на Шампиони. Само да потсетиме, Дортмунд испадна од Европската елита и ќе продолжи во Лигата на Европа, без разлика на резултатот од последниот дуел со Бешикташ.

И покрај тоа што тимот на Марко Роуз киксираше во Европа, Дортмунд успеа да издржи и покрај многуте проблеми во Бундеслигата и со неколку победи го задржа притисокот врз противниците во сабота на врвот на табелата.

Дортмунд и понатаму со големи проблеми

Дортмунд оди во Дер Класикер со само еден бод зад Баерн. Сакаат победа која ќе ги однесе на првото место за прв пат оваа сезона, што ќе ги стави во силна позиција за конечно да состават постојан предизвик кон круната на противникот и да спречат 10-та последователна титула во Бундеслигата.

Сепак, Дортмунд ќе биде повторно без еден куп фудбалери. Проблемите никако да ги одминат и Роуз уште месец сигурно ќе се соочува со повреди суспензии … Аканџи, Бурки, Хазард, Реина, Шмелцер, Моукоко и уште неколкумина се и понатаму отсутни. Но има еден податок кој е целосно на нивна страна – Дортмунд сезонава на домашен терен има седум победи од седум натпревари со неверојатна гол разлика од 21 даден и девет примени гола.

Силната домашна форма е голема мотивација за нив пред овој важен меч и тие целосно се насочени барем да останат непоразени на домашен терен сезонава и по овој меч.

Баерн со благ пад во формата

Од друга страна, Баерн се надева дека на домашната форма на Дортмунд  ќе и дојде крај во сабота. Баерн е одличен и сезонава и покрај тоа што киксираше неочекувано пред две кола кога загуби од Аугсбург со 2:1. Славеа теѓко во минатото коло над Аринија со 1:0, но се вратија на победите многу бргу после шокот. Сепак, тој пораз отвоти многу прашања за екипа, но откри и дел од проблеми со кои се сооува Нагелсман. Меѓу поразот и победата се лучи и победа над Динамо Киев во Украина од 1:2.

Во двата триумфи, на Баварците им недостасуваше завршница – атрибут што го поседуваа со огромен успех во поголемиот дел од досегашниот мандат на Нагелсман – со неверојатни 76 гола постигнати во 21 натпревар.

Јасно е дека нема место за паника кај Баварците. Очекувани се падови во дел од сезоната, но овој пад за Баерн доаѓа во незгодно време. Во секој случај, Нагелсман и Баерн се повторно фаворити за победа во ова дерби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

„Лудо“ дерби во Манчестер: „Ѓаволите“ со луд пресврт во две минути ја продолжија агонијата на Манчестер Сити! 🎥

Манчестер Јунајтед со луд пресврт во две минути славеше ппобеда во дербито со градскиот ри…