Дома Фудбал Репрезентации Големото срце на Лука Модриќ: Приреди ден за паметење на 10-годишно болно момче!

Големото срце на Лука Модриќ: Приреди ден за паметење на 10-годишно болно момче!

Капитенот на фудбалската репрезентација на Хрватска и член на Реал Мадрид, Лука Модриќ освен што е одличен фудбалер има и големо срце, а тоа го докажа уште еднаш.

Модриќ му приредил ден за паметење на 10-годишното болно момче Тин Вукадин од Роермонд. Момчето боледува од тешка метаболичка болест поради која е мора да има трансплатација на црно дроб и бубрег.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Момчето добило дозвола за посета на теренот на „Де Куип“ во Ротердам каде што Хрватска се подготвуваше за завршницата на турнирот во Лигата на Нации. Тука имал прилика да се сретне со својот идол.

„Беше неверојатно и многу возбудливо, беше навистина имперсиониран. По цел ден гледа видеа кои му ги испраќаат другарите од оделението. Се беше снимено на телевизија. Зборуваше со нас 15-тина минути. Не сакавме предолго да го оптеретуваме. Тој е многу нормален и неверојатно е како издржува да игра на тие години на тоа ниво“, раскажала мајката на момчето.

Тин имал можност и за посета на хотелот каде што е хрватската репрезентација, таму добил дрес со порака: „За Тин и Фран (неговиот брат), од срце Лука Модриќ“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…